еГО! Платформата се користи како облак услуга. За да можете да и пристапите, потребни ви се интетнет конекција и интернет пребарувач. Не постојат никакви инфраструктурни влогови или било какви врсти софтверски или хардверски барања. Платфорамата се користи едноставно преку било каков електронски уред, како што е: компјутер, таблет или паметен телефон.
Користењето на платформите за електронско учење значајно ги намалува трошоците кои се наменети за корпоративното образование. Со употребата на нашите платформи ќе имате помал трошок на човечки ресурси и значајно пониски трошоци при организацијата.
Користењето на нашите платформи е многу лесно- доколку знаете да користите било кој програм од вообичаеното работно окружување ќе знаете да ја користите и еГО! Платформата. За секој случај, ви припремивме и упатство кое во секое време можете да го користите.
Користењето на еГО! Платформите се плаќа месечно. Не постои минимално време на користење кое морате да го исполните. Исто така, ако сакате, можете и со прекинување да ја користите повеќе пати во годината-т.е. тогаш кога ќе ви биде потребна.
Вашите корисници и вие можете да имате пристап на еГО! платформата во било кое време, неограничено број пати. Во тоа е и суштината на електронското учење-знаењето да ви биде секогаш при рака!
Начините за користење на нашите платформи се практично неограничени. Најчесто, оваа врста на услуги ја користат компаниите за образование на своите вработени, друштва и агенции кои се занимаваат со континуирано лиценцирање на различни професии, како и сручни фирми кои им нудат различни врсти знаења на крајните корисници.